Фуксе Берлин стои на патот на Е. Пелистер кон Келн

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Екипата на Фуксе Берлин ќе биде противникот на кадетскиот тим на Еурофарм Пелистер во финалето на групата што се игра во Пореч, а од каде се обезбедува пласман на „Ф4“ во ЕХФ Младинскиот Клупски Трофеј, натпреварување во кое учествуваат кадетските екипи на тимовите што играат во Лигата на шампионите.

Екипата на Фуксе Берлин која од клупата ја води легендарниот Боб Ханинг го разби тимот на Загреб кој беше домаќин на турнирот. Германците победија со огромна разлика од 21 гол. Конечниот резултат е 50-29 (25-13).

Претходно, екипата на Е. Пелистер го победи данскиот тим Алборг и обезбеди пласман во финалето. Финалниот натпревар ќе се игра утре со почеток од 16:30 часот.

Поврзани вести