Почина Едуард Кокшаров некогашен тренер на Вардар

Photo: Press service  BGK Meskov Brest

Прес службата на белорускиот клуб Мешков Брест денеска информираше дека нивниот тренер, Русинот Едуард Кокшаров починал на 51 годишна возраст. 
Едуард Александрович Кокшаров е руска и светска ракометна легенда. Интернционалната кариера ја почна Целје каде што дојде од редовите на Краснодар. Со словенечкиот клуб стана европски првак, а со репрезентацијат на Русија стана Олимписки и Светски шампион и сребрен од ЕП. Четири пати беше избиран во ол стар тим на Светско првенство.

Во Македонија дојде во 2016 година и беше на клупата на ЖРК Вардар со кого настапи и на финале на Лига на шампиони. Остана во клупската управа на РК Вардар кој во 2017 и 2019 беше европски шампион, а паралелно беше и селектор на репрезентацијата на Русија. Од 2023 беше на клупата на белорускиот тим Мешков Брест, што беше и неговиот последен ракометен предизвик во животот. 

Поврзани вести