-
04.4.2026
-
Македонски ракомет
Фото: ГРК Охрид
ГРК ОХРИД – ОЛИМПИЈАКОС 25-24 (14-12)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Мандак и Рудински од Словачка
ГРК ОХРИД: Пилиповиќ (10 одб), Блажевски, Борозан 3, Стрмљан 1, Ојлески 1, Јагуриновски 4, Иванковиќ 8, Кукуловски, Тасески 1, Моралес, Савревски, Љапис 2, Петриќ, Ѓукиќ 3, Ќоесвски, Прибетиќ 2
ОЛИМПИЈАКОС: Диого, Папантонопулос, Савас 5, Сугриел 4, Ивиќ 3, Цанакидис 3, Кањете 3, Папазоглу 2, Кун 2, Скарамели 1, Вида, Пасијас, Михалидис, Мантос, Цимпулас 1
Екипата на ГРК Охрид испиша нова страница во својата клупска историја и за прв пат стигне до полуфинале на европско натпреварување.
Попладнево во Охрид, македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп по втор пат го совлада грчкиот Олимпиојакос и закажа дуел со словенечката екипа Целје Пивоварна Лашко за место во финалето на ова натпреварување. Словенците денеска одиграа нерешено во Романија (36-36), но имаа плус 11 од првиот натпревар.
Натпреварот во Охрид беше сличен на тој во Атина. Олимпијакос одигра подобро отколку на свој терен но тоа не беше доволно за да ја покрие објективната разлика во квалитет. Видливо беше и кај двата тима дека резултатот од првиот натпревар ја заврши работата.
ГРК Охрид е подобро екипиран тим, игра во посилно првенство, постојано е под притисок и подобро се снајде од грчкиот состав.
Откако заврши краткиот период на израмнета игра, Охрид со два контранапади отиде на плус два, а во 25 минута имаше и максимални плус четири (14-10). До крајот на полувремето, гостите сепак, намалија за два гола на одмор се замина со резултат 14-12.
Вториот дел не беше таков каков што се очекуваше и како што посакуваше домашната публика. ГРК Охрид го намали ритамот и гостите добија простор да играат и го искористија тоа.
Се прилагоди гостинскиот состав на играта, постојано беше блиску а во финишот дури и водеше во финишот, па голманот Пилиповиќ со неколку интервенции во последните моменти ги спречи Грците, а на Охрид му сервираше шанса со двојна победа да почне да го слави пласманот во полуфиналето.
Поврзани вести