Алкалоид му го сокри голот на Бутел Скопје

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ - РК АЛКАЛОИД  21-37 (15-16)
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Марјан Начевски
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Трсунов, Трајковски, Субашевски 2, Марковски, Тодески 1, Ѓеоргиевски 4, Шилегов 1, Новаковски, Д. Узунчев 7, Т. Узунчев, Киселовски, Каевски 4, Николоски, Михајловиќ 1, Зенговски, Гурмешевиќ 1
Седмерци: 3/7 Исклучувања: 4 мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Николовски, Џонов 8, Тордарсон 2, Маркоски, Стојковиќ, М. Митев 4, Велковски 1, Ивановски 2, Ненад Костески 7, Петковски 1, Д. Митев 6, Борзаш 3, Аларов, Николов 2, Ѓорговски 1
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 4 мин. 


Интересен натпревар одиграа екипите на Бутел Скопје и Алкалоид во суперлигашкиот Плејоф денеска. Меч во кој Бутел Скопје беше комплетно резултатски рамноправен во првиот дел и кога сирената означи крај на полувремето на семафорот беше само 15-16.
Драма во вториот дел немаше, но има период за одбележување. 
Алкалоид покажа сосема друго лице, особено во одбраната и им го сокри својот гол на бутелчани цели 19 минути!
За тоа време Алкалоид направи серија од 13-0 и во 49 минута беше 15-29. 
До крајот на натпреварот се стабилизираа и домашните и во последните 10 минути постигнаа уште пет погодоци. 




 

Поврзани вести