Гиљермо Милано стана селектор

Фото: ГРК Охрид

Арентинскиот тренер Гиљермо Милано е уште една ракометна приказна успешно лансирана од Македонија. Аргентинецот беше тренер на РК Вардар 1961 минатата година што беше негов прв ангажман надвор од Аргентина. 
Откако заврши неговото во Македонија се врати назад во Аргентина, а пред два месеца беше назначен за селектор на женската репрезентација на Чиле. Од семејни причини го раскина тој договор, но сега е официјализирано дека е назначен за нов селектор на машката сениорска репрезентација на Саудиска Арабија. 

Поврзани вести