ГРК Охрид и Целје одбраа термини за полуфинале

Фото: ГРК Охрид

Екипите на ГРК Охрид и на Целје Пивоварна Лашко одбраа термини за полуфиналниот двомеч од ЕХФ Европскиот Куп. 
Домаќин на првиот натпревар е екипата на Целје, натпреварот ќе се игра во „Златорог“, на 25 април (сабота), а реванш натпреварот е на 2 мај, исто така сабота, во „Билјанини извори“ во Охрид. 
ГРК Охрид ги потврди термините, се чека уште ЕХФ официјално да ги верификува. 

Другиот полуфинален пар го сочинуваат екипите на Татабања од Унгарија и Извиѓач од БиХ. 

 

Поврзани вести