ТРАНСФЕРИ: Бомбач, Кулеш, Лумбросо, Илие...

Foto: Dusan Milenkovic / RK Partizan

Обостраното задоволство од кратката соработка, добива продолжение. Словенечкиот плејмејкер Дејан Бомбач го продолжи договорот со екипата на Лајпциг за уште една година и ќе остане таму најмалку до јуни 2027.

Белорускиот бек Владислав Кулеш и израелскиот плејмејкер Јоав Лумбросо, двајца ракометари што беа поврзувани со трансфер во Вардар 1961 и Е. Пелистер, сега се сместени во „пакет“ за трансфер во белградски Партизан.

Новиот закон во Романија, според кој екипите мораат на терен да имаат 60% домашни играчи ги врати назад во татковината двајцата романски ракометари на Партизан.
Габриел Илие и Ливиу Каба, следната сезона ќе играат заедно во екипата на Констанца.

Фарски острови ќе има уште посилна репрезентација во иднина, откако нивни двајца големи таленти од 18 и 19 години, Јакуб Егхолм и Паули Расмусен потпишаа за данскиот тим Рингстед каде што ќе продолжат да се формираат како играчи.

Исландскиот пивот Арнар Фреи Арнарсон би можел да биде замената за германскиот репрезентативец Јоханес Гола во екипата на Флензбург. Арнасон игра за Мелзунген, па во пракса овие клубови би ги размениле пикерите со оглед на тоа дека Гола ќе оди во таборот на Парондо.



 

Поврзани вести