Будуќност не сака во Регионална лига годинава

ЖРК Будуќност, клубот што требаше да биде перјаница и лидер во новата Регионална лига, донесе одлука да не се натпреварува следната сезона во овој шампионат доколку биде организиран.
„ЖРК Будуќност ја поддржува идејата за регионално натпреварување, но по деталната анализа, донесе одлука во сезоната 2026/27 да не учествува во предложениот формат, затоа што се недоволно дефинирани натпреварувачкте и финансиските рамки, како и обврските што ги чекаат во ЛШ следната сезона“, се вели во соопштението на клубот.

Црногорската екипа, останува отворена, за дополнително да се вклучи, но откако ќе бидат јасно дефинирани сите детали околу ова натпреварување.
Откажувањето на црногорскиот тим сериозно го нарушува коцептот на Регионалната лига и го доведува во прашање нејзиното формирање, но не значи и дека проектот не може да функционира без нив.
Засега остануваат идеите и за машката и за женската регионална лига, но времето брзо минува, а има сериозно многу работа што треба да се заврши пред овие проекти да заживеат.

Поврзани вести