Целје остана без клучен играч пред Охрид

Photo: RK Celje 

Екипата на Целје Пивоварна Лашко, противникот на ГРК Охрид во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп до крајот на сезоната нема да може да смета на еден од своите најдобри стрелци – десниот бек Маи Маргуч.
Најмалдиот брат од триото (Гашпер Маргуч - Веспрем и Гал Маргуч – Слован) се повреди во 1/4 финалето на ЕХФ Куп на мечот во Романија со Бузау.
Маи Маргуч делумно ги скина лигаментите на коленото и пред него е подолга пауза. Не е извесно колку долго, но сигурно нема да биде на располагање на натпреварите со ГРК Охрид што ќе се играат за околу две недели.
Маргуч со 49 голови е најдобриот стрелец во тимот во ЕХФ Куп. Исто толку голови има постигнато и плејмејкерот Аљуш Анжиќ.
На позицијата десен бек, Целје го има и ветеранот Жига Млакар (35) и двајца ракометари што се на возраст од 17 и 18 години и немаат настап во Европа досега.

Поврзани вести