Монпеље ослабен против Вардар 1961

Францускиот тим Монпеље ослабен ќе настапи на двата дуела со екипата на Вардар 1961 од 1/4 финалето во ЕХФ Европската лига.
Шведскиот десен бек, Јацк Турин, играч познат по разорниот шут го повреди коленото на тренинг и за него оваа сезона е завршена, објави францускиот клуб.
Монпеље на десната бековска позиција сега го има само ветеранот Валентан Порт има и некои помлади ракометари, но нема пресечено дали ќе ја активира опцијата „медикал џокер“ и ќе донесе нов ракометар додека во екипата го нема малерозниот Турин.










 

Поврзани вести