ПИК Сегед го откачи Готфридсон

Photo: IHF/International Handball Federation

Некои работи што на пример во фудбал како добро организиран и воден спорт се незамисливи затоа што се дел од професионално осмислен и водена процедура, во ракометот, организиран и воден така како што е организиран и воден, се дел од секојдневие, а дури ни врвните играчи, оние со статус на ѕвезда не се исклучок.

ПИК Сегед реши да го раскине тригодишниот договор со шведскиот ракометар Јим Готфридсон. Тој дојде како мега засилување во Сегед, но таму не е тоа што го беше во Флензбург и во репрезентацијата. Разделбата ја официјализираше клубот, но не е по волја на ракометарот кој јавно реагираше. Готфрдсон објави дека своите обврски ги одработувал професионално, дека имал план и да ја заврши кариерата во Сегед и дека ова за него и неговото семејство е удар и најави дека нема да заврши приказната на ова.

ПИК Сегед за својот потег не даде објаснување, но нема да им биде прв пат да направат ваков или сличен потег. Паметите, Сташ Скубе, Дејан Бомбач...

 

Поврзани вести