ЕХФ ги суспендираше Начевски и Николов

Ракометниот суд на Европската ракометна федерација донесе нова одлука поврзана со случајот на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Македонските судии беа повлечени од настап на Европското првенство 2026 затоа што ЕХФ утврдил дека тестовите (видео снимки) што судиите ги испраќаат во ЕХФ, односно тестовите на Начевски и Николов биле манипулирани.

По извршената анализа на Спортрадар кој е партнер на ЕХФ, било заклучено дека тестовите се манипулирани и на македонските судии им е изречена казна.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се суспендирани две години од вршење на каква било функција во ЕХФ и учество во било која активност на ЕХФ.
Покрај суспензијата двајцата судии ќе треба да платат по 5.000 евра поради нарушување на кодексот на однесување.

Против оваа одлука, Начевски и Николов можат да поднесат жалба до ЕХФ Апелацискиот суд во рок од седум дена.

Поврзани вести