Скопје се спрема за ракометниот училишен мундијал

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија се одржа официјална прес-конференција по повод Светското превенство во ракомет за ученици – ИФС Скопје 2026 кое од 21 до 29 април ќе се одржи во нашиот главен град. Околу 700 играчи од повеќе држави ќе бидат дел од овој голем спортски настан што е во огранизација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за Спорт.
Ракометната федерација на Македонија е активно вклучена во организацијата, особено во подготовката на нашите играчи. Селектори на нашите екипи се селекторите на кадетските репрезентации, Горан Кузманоски и Даниела Новеска.

„Ова Светско првенство е голема чест за ракометот и спортот, но и за училишниот спорт и за младите деца. Голем предизвик, 23 селекции треба да допатуваат во Скопје во машка и женска селекција“, изјави Александар Стефанов, претседателот на Ракометната федерација на Македонија.

Престедателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска вели дека настанот е повеќе од спорт.

„Во пресрет сме на долго очекувано Светското првенство кое ќе се организира во Скопје од 20 до 29 април, отварањето е закажано за 21 април на плоштадот Македонија, ќе учествуват 700 учесници, ракометари и ракомeтарки, да ги поддржиме сите. На отварањето најавуваме дефиле. Ова е во интерес на град Скопје, размена на култури и вредности, се надеваме дека сите ќе си заминат со позитивни искуства и нови пријателства.

Благодарност до министерот за спорт за безрезервната поддршка, и до РФМ за техничката поддршка за да ракометарите и ркометарките блеснат во најдобро светло. Би сакала да освоиме медал. Благодарност и до престедателот на ИФС Жељко Танасковиќ што ни ја довери оваа организација.

Децата треба веруват дека се на вистински пат во она што работат, дека се амбасадори на спортот“, изјави Мицковска.

Индира Кастратовиќ е шеф на делегацијата на Македонија, таа посакува нашите две репрезентации да се покажат во вистинско светло.

„Голема благодарност што ќе бидам од ваков голем настан, за мене е голема чест, но исто така и голема одговорност за што подобро да ја претставиме нашата држава. Скопје ќе биде град на спортот, сите деца ќе имааат нови пријателства и ќе добијат големо искуство. Се надевам дека ќе имаме голем успех, дека нашите репрезентации ќе се покажат во добро светло“, изјави Индира Кастратовиќ.

Поврзани вести