Фото: РК Вардар 1961
Ракометниот клуб Вардар 1961 го засили својот ростер со ангажманот на десниот бек Мохаб Абделхак египетски ракометар. Абделхак е десцен бек кој доаѓа од германскиот Кил.
Новиот член на „црвено-црните“ својата кариера ја градеше во силна и препознатлива средина. Првите големи чекори ги направи во Ал Ахли, еден од најтрофејните клубови во Египет, а потоа следуваше трансфер во француски Ним, а потоа направи трансфер во Кил.
Со неговото доаѓање, Вардар добива играч со силен шут, современ профил за десен бек и ракометар кој веќе почувствувал што значи настапување во врвни европски клубови и натпреварувања. Воедно, клубот добива и дополнителна ширина во ростерот за предизвиците што следуваат.
„Овој трансфер во РК Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, што ќе се натпреварувам на повисоко ниво и што ќе го дадам максимумот за тимот. Моите очекувања се да напредувам секој ден и да придонесам за заеднички големи резултати“, изјави Абделхак.