Миха Котар доаѓа во Е. Пелистер

Foto naslovna: Maja Nastic/RK Partizan
Foto: RK Eurofarm Pelister

Битолски Еурофарм Пелистер денеска го потврди доаѓањето на словенечкиот плејмејкер Миха Котар. Словенецот сезонава игра за екипата на Партизан, а во Битола ќе биде замена за сонародникот Домен Тајник кој ќе се врати назад во својата земја и ќе продолжи да игра за екипата на Слован.
Е. Пелистер со објава на социјалните медиуми го промовираше својот нов ракометар.


И во следната сезона организацијата на играта на нашиот тим ќе му биде доверена на словенечки среден бек. Еурофарм Пелистер потпиша двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој во Македонија доаѓа од првакот на Србија, Партизан.
Котар е роден во Требње, поникна во матичниот Тримо Требње, афирмација доживеа во Словењ Градец, а во последните две сезони го носеше дресот на белградски Партизан. Со ангажманот на Котар нашиот клуб добива квалитет, искуство и додадена вредност во тимот.
Официјалното претставување на Котар е предвидено во јули на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27.
Еурофарм Пелистер покрај Миха Котар во наредниот период ќе донесе и уште еден играч на оваа позиција, со што играчкиот кадар ќе биде комлетен за големи дострели.

Поврзани вести