Кулеш стигна во Партизан, следат Македа и Грин?

Фото: РК Партизан

Проектот РК Партизан почнува да личи на почетоците на шампионскиот Вардар, не само затоа што тренер на клубот ќе биде Раул Гонзалез, туку и по бројот на звучните засилувања кои едно по едно пристигнуваат во Белград.

Владислав Кулеш, белорускиот бек што играше за Келце, Мелзунген е шестиот играч нов играч за Раул. Претходно потпишаа и со Вагнер, Лумбросо, Кос, Абутовиќ и Мигаљон, а продолжија со Русинот Иванов.

Приказната тука не запира, сега во игра се уште две добро познати имиња. Тоа се Хорхе Македа кој има опција да се пресели во Сиудад во Шпанија и полека да го гледа залезот на кариерата и данскиот голман Јаник Грин од ПСЖ за кого беше речиси сигурно дека ќе оди во новиот дански проект – Хој Хендбал.