Лазаров со една измена, Горење со 14 играчи во Автокоманда

Тренерите на Алкалоид и на Горење, Кирил Лазаров и Жига Лесјак, ги објавија составите на своите екипи за вечерашната пресметка во ЕХФ Европскиот куп.

Кирил Лазаров на овој натпревар ќе настапи со една измена во однос на тимот со кој играше на дербито со Еурофарм Пелистер пред два дена. Промената е на позицијата десен бек, каде што на местото на Мартин Велковски во екипата е Филип Николов.

Екипата на Горење Велење од Словенија не допатува во Македонија со комплетниот ростер, туку со 14 ракометари. Сепак, во составот нема отсуство на играч со забележителна улога, па можеме да подвлечеме дека, иако не располагаат со целосен ростер, играчки не доаѓаат ослабени во Скопје.

Натпреварот почнува во 19:30 часот, ќе се игра во скопска „Автокоманда“, а директен ТВ-пренос ќе има на ТВ Арена М3 Премиум.