Македонија на последен тест пред настапот на ЕУРО 2026!

Женската сениорска репрезентација на Македонија ја почна последната фаза од подготовките за настап на претстојното Европско првенство што ќе се одржи во првата половина од декември, а прв пат ќе има дури пет домаќини.

На ЕХФ ЕУРО 2026, Македонија ќе биде дел од групата Б, што ќе се игра во романскиот град Клуж. Противнички на нашата селекција во групната фаза ќе бидат репрезентациите на домашната Романија, првиот фаворит за златниот медал Норвешка и репрезентацијата на Швајцарија.

Македонските репрезентативки денеска го имаа првиот собир, а во рамки на подготовките, избраничките на селекторот Игор Марковиќ ќе настапат на меѓународен турнир во Анкара, Турција, од 27 до 29 ноември. Таму македонските ракометарки ќе ги одмерат силите со селекциите на Финска, Италија и домаќинот Турција.

Потоа екипата се враќа во Скопје и следното ќе биде настапот на Европското првенство.