-
16.4.2026
-
Македонски ракомет
Женската репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае противниците во групата за следното ЕП и градот и државата каде што ќе игра на ЕП. Ждрепката ќе се одржи во Полска и почнува во 18:00 часот.
Рекордни пет домаќини има ЕП 2026, а тоа се сите држави што се пријавија за организација: Турција, Романија, Полска, Чешка и Словачка. Во Романија ќе се играат две групи, во другите држави по една. Финалниот викенд е во Полска.
Според формулата за одредување на носители во групите, шеширите се спремни и изгледаат вака:Прв шешир: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија
Втор шешир: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка
Трет шешир: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови
Четврт шешир: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција
Извлекувањето во Катовице е закажано за во 18:00 часот в четврток.
Унгарија ќе игра во групата „А“ во Орадеа, Романија
Романија ќе игра во групата „Б“ во Клуж, Романија
Турција ќе игра во групата „Ц“ во Анталија, Турција
Чешка ќе игра во групата „Д“ во Брно, Чешка
Полска ќе игра во групата „Е“ во Катовице, Полска
Словачка ќе игра во групата „Ф“ во Братислава, Словачка
Домаќин на финалниот викенд ќе биде Катовице, 18-20 декември 2026