-
18.4.2026
-
Планета ракомет
Машката кадетска репрезентација на Македонија минатава недела учествуваше на Медитеранското првенство во Словачка и го освои петтото место.
Македонија на овој турнир што се игра по поинакви правила (третини место полувреме, поинакво бодување) запиша победи над репрезентациите на Хрватска (24-15), Романија (24-23), Косово (30-15), Грција (28-20) и Ц. Гора (28-20), а беше поразена од Египет (23-25) и од Шпанија (17-24).
Веспрем го елиминираше тимот на Пик Сегед во полуфиналето на Куп на Унгарија и тоа по подобро изведување на пенали. Трагичар беше Јанус Смарасон, а херој голманот Апелгрин.
Во финалето на Купот ќе се сретнат Веспрем и тимот на нашиот интернационалец Филип Талески – Татабања.
Данскиот тим Хој Елит, клуб во кој дојдоа и ќе доаѓаат познати ракометари од типот на Хампус Ване, Миахел Дамгард, Ласе Андерсон итн, ќе добие и нов тренер. Довчерашниот селектор на машката репрезентација на Норвешка, Јонас Виле ќе го води овој проект следната сезона.
Висла Плоцк го елиминираше најголемиот ривал, Келце, во полуфиналето на Куп на Полска. Ракометарите на Хавиер Сабате славеа победа од 30-25 и во финалето ќе играат со екипата на Вибжеже од Гдањск.
Почнаа 1/4 финалните елиминации во женската Лига на шампиони. На првите два натпревари, Есбјерг како домаќин минимално го совлада тимот на ЧСМ Букурешт (26-25). Втората романска екипа, Бистрица на домашен терен минимално беше поразена од францускиот Брест (35-36).