Охрид во Словенија по нова историја

Екипата на ГРК Охрид игра за себе историска европска сезона во која глвната цел е освојување на победничкиот пехар во ЕХФ Европскиот Куп. 
Охриѓани имаа успешен пат до полуфиналето, но дури сега почнуваат големите предизвици. Првиот е попладнево против екипата на Целје Пивоварна Лашко во Словенија.

Натпреварот е закажан за денеска во 18:00 часот. Директен ТВ пренос е најавен на МРТ - 3. 

Тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ нема да може да смета на Стефан Петриќ и Вуко Борозан за денешниот натпревар, додека во тимот на Целје го нема Маи Маргуч. Тоа се клучните информации околу ростерите на двата тима. 
Охриѓани се овде во мала предност затоа што навреме успеаја да доведат уште едно засилување во тимот и тоа не какво било туку Јапонецот Косуке Јасухира кој иако е кратко во тимот, прави разлика на теренот и донесе поширока лепеза на комбинации што Ројевиќ може да ги користи во играта.

Денешниот натпревар ќе биде показател за односот на силите меѓу двата тима, реванш натпреварот е следната недела во Охрид. 
Победникот од овој дуел, во финалето на ЕХФ Куп ќе игра против подобриот од двомечот меѓу унгарска Татабања и екипата на Извиѓач од БиХ.