Шпанија и Израел, на мегдан во Буенос Аирес!

Репрезентациите на Шпанија и Израел се ривали во бараж ситото за пласман на СП 2027 во Германија. Поради воените дејства на Блискиот исток, не се исполнети безбедносни услови за натпревар да се игра во Израел, а ниту Европа не беше „згодна“ за одмерување на силите меѓу овие две репрезентации.

Во меѓусебен договор, со одобрување од ЕХФ, место едниот, двата меча ќе се играат на неутрален терен. Ракометна егзотика за двете репрезентации - баражите ќе ги играат во Буено Аирес, Аргентина.