Вардар без Малус и Хориха во Монпеље!

Екипата на Вардар 1961 вечерва од 20:45 часот во Франција ќе го игра првиот натпревар од 1/4 финалето на ЕХФ Европската лига. Противник на македонскиот тим е составот на Монпеље, во моментов третопласираниот тим во првенството на Франција. 

Вардар 1961 има големи амбиции, но вечерва ќе го има најголемиот тест. Не само затоа што противникот е реномиран и во ростерот има голем број на познати играчи, туку и поради фактот дека против нив, вечерва ќе игра без своите двајца најдобри ракометари.
Димитро Хориха и Јака Малус не отпатуваа со екипата во Франција. Неофицијално, Хориха поради вирус, Малус поради повреда здобиена на натпреварот со Алкалоид во последното коло. 

Составите се објавени, малерозната вест е потврдена. Иван Чупиќ денеска во Франција ќе има во тимот 15 ракометари. Не се комплетни ниту Французите, недостасуваат Јацк Турин и Давид Балагер, но имаат доволно ракометари за да ги покријат своите дупки. 
Чупиќ од друга страна ќе треба да измисли нешто ново затоа што Малус и Хориха беа моторот на тимот сезонава. Сега ќе биде ред и на другите да покажат колку можат.