Училишно СП: Македонија е светски првак

Машката репрезентација на Македонија е победник на Светското првенство за ученици што се одржуваше во Скопје.
Нашиот кадетски состав во финалето на Светското првенство ја совлада жилавата и борбена репрезентација на Израел и го подигна шампионскиот пехар.
Македонија комплетно го контролираше резултатот и водеше со 5-6 гола во текот на целиот натпревар. Но, израелскиот состав се бореше до последен момент, имаа во своите редови еден вонсериски бек кој правеше многу проблеми за македонската одбрана. 
Имаше доволно и квалитет и трпение и знаење во македонскиот тим кој не дозволи противникот да резултатски да се доближи, иако не беа безопасни противниците. 
Конечно, 38-32 за Македонија и прво место на Светското првенство за ученици.

Претходно се одигра и финалето во женска конкуренција во кое репрезентацијата на Македонија беше поразена од Хрватска и го освои второто место на СП.