Тежок пораз на Вардар во Франција

МОНПЕЉЕ - ВАРДАР 1961  33-23 (12-10)

Екипата на Вардар 1961 претрпе тежок пораз на гостински терен на првиот натпревр од 1/4 финалето на ЕХФ Европската лига. Вардар 1961 играше против францускиот Монпеље и загуби со 10 гола разлика (23-33) и шансите за плсман на Ф4 ги сведе во рамки на теорија. 

Без Јака Малус и Димитро Хориха отпатуваа црвено-црните во Франција, пех плус беше црвениот картон на Тузолана во 25 минута, хендикеп плус повредата на Бразилецот Силва во 40 минута. 
И без тоа Монпеље (ќе) беше фаворит, вака беше доминантен и му го нанесе на Вардар највисокиот пораз сезонава. 

Вардар се обиде да ја умртви играта и да издејствува темпо во кое нема да има многу голови, следствено и голема разлика. Му успевапе тоа 15 минути, потоа Монпеље зема замав, поведе со 7-3, па Вардар 1961 се преориентира на игра „седум на шест“ која му донесе резултат, односно поднослива негатива од два гола на полувреме (10-12). 

Вториот дел почна со серија од 5-0 за Французите, по што сите комбинаторики паднаа во вода, но успеа Вардар да ја држи главата над површината баре1 во првиот дел од полувремето. 
Како минуваше времето, следеше пехот со Да Силва по што Митровиќ остана единствен да шутира од дистанца. 
Разликата од 10 гола е највисоката на натпреварот. Можеби можеше Вардар да извлече помал минус за гол-два, но денеска немаа ден и со голема негатива се враќаат во Скопје.