ГРК Охрид е во финале на ЕХФ Куп!

Екипата на ГРК Охрид е во финалето на ЕХФ Европскиот Куп! Македонскиот тим во реванш натпреварот од полуфиналето, го елиминираше словенечкиот Целје по изведување на седмерци, откако во регуларниот дел, натпреварот заврши со минимална победа над охриѓани. Целје победи минимално на домашен терен, па според правилата на ЕХФ се изведуваа седмерци. 
Подобар во овој сегмент со 4-3 беше охридскиот тим и во финалето ќе се сретне со екипата на Татабања. 

Унгарскиот тим важеше на хартија за најголем фаворит сезонава во ова натпреварување, но со играта во 1/4 финалето против Бурса од Турција и во 1/2 финалето против Извиѓач од БиХ, не остави толку силен впечаток за да може да се смета фаворит во однос на екипата на ГРК Охрид. 

Финалните натпревари во ЕХФ Европскиот Куп ќе се играат на 23/24 мај, а реванш натпреварот на 30/31 мај. 

Кој ќе биде домаќин на првиот, а кој на реванш натпреварот ќе биде одлучено со ждрепка. 

Поврзани вести