Дресот на Талант ќе биде под кровот на Келце

Полскиот клуб Келце подготвува спектакл за прошталниот меч на тренерот Талант Душебаев кој по 12 години заминува од клубот.
Специјални гости ќе бидат Агинагалде, Ткачик, Муса, Биелецки... Ќе бидат изложени сите пехари што Келце ги освои под водство на Талант, а во салата „Легионово“ ќе биде изложен дрес со неговото име. Тоа ќе биде третиот дрес што Келце го крева под кровот на салата, а претходно таква чест и привилегија имаа спонзорот и творец на сегашниот Келце, Бертус Сервас и полската легенда Карол Биелецки.

Поврзани вести