Продолжи проклетството на Веспрем

Photo: IHF

Екипата на Фуксе Берлин е првиот учесник на Фајнал 2026. Вечерва во спектакуларен натпревр што заврши со изведување на пенали, Берлин го елиминираше унгарскиот првак Веспрем. 

Унгарците во Берлин дојдоа со гол предност, но по само 10 минути и по четири интервенции на Милосављев и симмултанка на Гидсел, Берлин имаше водство од пет гола (8-3). Берлин водеше и 17-11 кога Ласе Андерсон беше себичен и промаши празен гол. По тој шут веќе ништо не беше исто. 
Веспрем комплетно се врати во игра и во целото второ полувреме се играше гол за гол. На крајот први еден гол водство за Берлин двата тима имаа шанса да поентираа, но не успеаја. Имаше и контроверзна, спорна ситуација која неубедливите судии од БиХ ја оквалификуваа како деветерец и се премина на изведување на пенали. 

Трагичари за Веспрем беа Французите Иго Деска и Недим Ремили кои ги промашија седмерците. Во тимот на Берлин промаши само Хакун Ав Тејгум, па последен на ред за победа и пласман на Ф4 шутираше Матијас Гидсел. 
Погоди, го поправи новопоставениот рекорд на постигнати голови во ЛШ во една сезона и го однесе својот тим на Фајнал фор. 

Управата на Веспрем најавуваше драстични чекори ако и оваа година не успеат да се пласираат на Фајналфор, па сега останува да видиме што ќе се случува во клубот кој и покрај огромните вложувања, никако не успева да стигне до шампионскиот пехар. 

Поврзани вести