ТВ ПРЕНОС: Вардар 1961 - Е. Пелистер, Магдебург - Сегед

Екипата на Вардар 1961 два дена по натпреварот со Монпеље, одново ќе ја полни салата „Јане Сандански“. Попладнево се игра најголемото македонски дерби, Вардар 1961 го пречекува Еурофарм Пелистер на натпревар што треба да има славеничка нота за црвено-црниот тим, затоа што со победа математички уште вечерва ќе ја завери шампионската титула. 
Натпреварот ќе се игра со почеток од 19:00 часот, а директно ќе биде пренесувана на МРТ.

Со почеток од 18:45 часот, ќе се игра последниот 1/4 реванш натпревар од Лигата на шампионите. Актуелниот првак Магдебург го пречекува тимот на ПИК Сегед и има седум гола предност од првиот меч. 

ТВ ПРЕНОС
СУПЕРЛИГА
19:00  ВАРДАР 1961 - ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МРТ-3)

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
18:45  МАГДЕБУРГ - ПИК СЕГЕД (ТВ АРЕНА СПОРТ 5 ПРЕМИУМ)
Прв натпревар: 35-28

Поврзани вести