Гидсел прв пат во кариерата шутна пенал!

Фуксе Берлин имаше последен напад на дуелот со Веспрем за да завери пласман на Фајналфор во Келн. Но, Матијас Гидсел, се лизна и ракометарите на Веспрем ја освоија топката и тргнаа во напад за полуфинале. Не постигнаа валиден гол и мечот отиде во пенал серија. Потоа Матијас Гидсел испиша историја.
Последниот, петтиот пенал при водство на неговиот Берлин од 3-2 беше шут за полуфинале.
Историски момент е што тој пенал го шутираше Матијас Гидсел и тоа беше неговиот прв пенал во кариерата!


„Никогаш во кариерата немам шутирано пенал. Ова беше првиот и реашавачки“, изјави Гидсел и објасни зошто се решил на таков чекор.


„Откако згрешив во последниот напад, морав да направам нешто за тимот. Излезе дека тоа ќе биде решавачкиот пенал. И бидна, се пласиравме во полуфиналето“.


Матијас Гидсел на овој натпревар го постигна и својот 144 гол сезонава во Лигата на шампионите и за три гола го подобри рекордот што досега беше сопственост на Микел Хансен. За Гидсел остануваат и уште два меча од Фајналфор за да го подобри сега веќе сопствениот рекорд на постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите.

Поврзани вести