Маркос Фис доаѓа во Барса

Photo: BM Granollers

Еден од најголемите светски таленти во моментов, 19 годишниот Маркос Фис од екипата на Грнољерс, во сезоната 2027/28 ќе игра во екипата на Барса. Случајно или не, трансферот го потврди координаторот на ракометната секција во Барселона, Хуан Мартин, кој беше гостин на шпанска телевизија и на полувремето од вчерашниот натпревар меѓу Барса и Нант кажа дека во 2027, Фис доаѓа во Барса. Терминот се поклопува со заминувањето на Дика Мем во Берлин.

Се шпекулира дека Барса бара и други десни бекови, првенствено Кико Кошта е споменуван како најдобро решение по заминување на Дика Мем, но и други играчи се возат на таа трансфер вртелешка.

Поврзани вести