Лазаров го скрати списокот за баражот со Словачка

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари за настап на баражот за пласман на СП меѓу репрезентациите на Словачка и Македонија.

Првиот меч ќе се игра на 13 мај во Прешов, реваншот е на 17 мај во Скопје, а вкупниот победник ќе се пласира на СП 2027 што ќе се одржи во Германија.

Поголемата минутажа што ја добива и формата што ја прикажува за прв пат во голманското трио го смести голманот на Вардар 1961, Васил Гогов. Тој ќе добие шанса пред Галевски и Кизиќ од Алкалоид, заедно со поискусните Митревски и Томовски.
Никола Маркоски е уште едно препознатливо име што ќе одмори за овие бараж натпревари. Во екипата се враќаат Милан Лазаревски и Томислав Јагуриновски.




 

Поврзани вести