Апелација на ЕХФ ја потврди суспензијата на македонските судии

Апелацискиот суд на Европската ракометна федерација (EHF Court of Appeal) ја потврди првостепната одлука што ја донесе Ракометниот суд (Court of Handball) во случајот на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Двајцата македонски судии остануваат суспендирани од сите активности што се под капата на ЕХФ во период од две години од моментот кога е изречена првата одлука.
Во период од 21 ден, Николов и Начевски можат да се жалат на Арбитражниот суд што е третата инстанца во институциите на ЕХФ.






 

Поврзани вести