ГРК ОХРИД - РК ВАРДАР 1961 26-24 (12-14)
Јасухира 6, Иванковиќ 6 - Педро 5, Пинто 4
Екипата на ГРК Охрид запиша уште еден голем резултат сезонава. Попладнево во последното коло пред настапот на репрезентациите, ГРК Охрид го совлада идниот шампион, тимот на Вардар 1961, и ја задржа предноста од два бода пред Е. Пелистер во трката за второто место на табелата.
Ваквиот епилог во Охрид, не е изненадувње, можеше и да се предвиди и очекува. Меѓудругото и поради фактот што на Охрид навистина му значат овие два бода и за нив ова е историски момент, додека на Вардар бодовите од овој меч не му значеа ништо.
ГРК Охрид беше подобриот тим во првиот дел од полувремето, но потоа Вардар влезе во ритам и реалативно лесно, казнувајќи ги грешките на домашните, поведе со 14-12 на полувреме, а во 36 минута имаше и максимални плус четири (16-12).
Не продолжи Вардар во истиот стил, напротив периодот по ова водство беше најлошиот што го одиграа оваа сезона, а Охрид направи серија од 9-1 и поведе со 21-17. Потоа одново се освестија гостите, се вратија во игра, но не и во водство. Охрид до крајот на мечот го контролираше резултатот и ги освои бодовите.