Репрезентацијата на собир: Два меча со СП 2027

Клупската ракометна сцена ќе мирува во следните десет дена, а на главната бина, последен пат во тековната сезона ќе се искачат репрезентациите. 
На распоредот се натпреварите од баражот за пласман на СП 2027, а меѓу нив се и двата меча на Македонија и Словачка што ќе се играат на 14 и на 17 мај. Првиот натпревар во Прешов, вториот натпревар во Скопје. 

Селекторот Кирил Лазаров денеска ќе го одржи првиот собир и тренинг пред овие два натпревари, дуели за кои избраните ракометари се долго време се бореа, вклучително и на Европското првенство одржани пред четири месеци во Данска. 

Кирил Лазаров повика 20 ракометари за овие два дуела, а уште 15 други се наоѓаат на поширокиот список спремни да се приклучат доколу тоа биде потребно. 



 

Поврзани вести