ВЕСТИ: Келентриќ останува во Вардар,

РК Вардар 1961 објави дека на продолжил соработката со тренерот на голманите Марио Келентриќ. Поранешниот хрватски репрезентативен голман ќе остане да работи во Скопје најмалку до 2028 година. 

Ерленд Мамелунд (42) беше своевремено еден од најпознатите норвешки ракометари чија кариера беше во домашниот ракомет беше најчесто поврзана со екипата на Хаслум. Денеска, тој беше назаначен за прв тренер на оваа норвешка екипа. 

Бундеслигашката екипа Мелзунген ги демантираше шпекулациите дека преговара со поранешниот тренер на Берлин, Јарон Сиверт. Клубот си стои на ставот дека нивни тренер е Гарсија Парондо и покрај објавите дека тој веќе се договорил со ПСЖ за трансфер следното лето. 

Данскиот тренер Штефан Мадсен нема да мора да се грижи за својата иднина доколку се остварат последните шпекулации. Позицијата на актуелниот тренер на ПСЖ е сериозно загрозена од најавата дека Гарсија Парондо следната сезон ќе го преземе паришкиот клуб. Во меѓувреме се отвори можноста Штефан Мадсен да стане новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Норвешка. 

Грчкиот тим АЕК потпиша договор со голманот Константинос Котаидис, поранешен голман на Олимпијакос, а во моментов голман на шпанскиот Сиудад Реал. Истовремено го продолжи и договорот со бразилското крило Гиљерме Ториани. 

 

Поврзани вести