Photo ©
CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)
Денеска со ждрепка беа одредени полуфиналните парови од Лигата на шампионите во машка конкуренција. Екипите на Алборг и Барса ќе играат во едното полуфинале, а ланските финалисти Магдебург и Фуксе Берлин ќе се сретнат во другото полуфинале.
За среќа и за разлика од ЕХФ Лигата, во Келн нема да има реприза на полуфиналните дуели од минатата сезона.
Но, тоа е и единственото ново во поглед на европскиот врв. Магдебург освои две од последните три шампионски титули, а серијата во 2024 им ја прекина Барса.
Каталонците се и најуспешниот клуб во ЛШ со 11 освоени пехари, додека екипите на Берлин и на Алборг сѐ уште немаат освоено трофеј. Алборг досега двапати играше во финале, Берлин само минатата година беше финалист.
Натпреварите ќе се играат на 13 и 14 јуни со почеток од 15:00 и 18:00 часот. Не е фиксно дека Алборг и Барса ќе играат во првото полуфинале, иако сигналите се дека така ќе биде.