ГРК Охрид го претстави Адама Кеита

Photo: GRK Ohrid

ГРК Охрид денеска претстави уште еден нов играч за следната сезона. На позицијата лево крило, доаѓа француски ракометар, поранешен играч на Пари Сен Жермен. Адама Кеита е новиот ракометар на ГРК Охрид со што нивниот ростер стана уште побогат и посилен.

Французинот потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Игра на позицијата лево крило, има 28 години (186 cm) и ќе ја облече деветката во сино-белиот дрес.
Минатата сезона играше за АЕК од Грција, а пред тоа 8 сезони го носеше дресот на ПСЖ. Има настапи за сите младински категории за националниот тим на Франција и освоен бронзен медал на светското јуниорско првенство 2017.

"Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи", изјави Адама Кеита.

Поврзани вести