Е. Пелистер го потврди Лино Червар за тренер!

Лино Червар дефинитивно е новиот тренер на РК Еурофарм Пелистер. Битолскиот клуб денеска го официјализирање назначувањето на познатиот хрватски тренер кој има и македонски пасош за предвоник на прокетот на Еурофарм Пелистер. 
 

Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2026/27 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори — Лино Червар.
Хрватскиот тренерски маг и официјално е нов тренер и предводник на проектот на Еурофарм Пелистер и се обрвза на двегодишен договор со клубот и најракометниот град.

Не треба да се трошат зборови за тренерската кариера на стручњакот од Умаг. Беше селектор на Италија, Хрватска и Македонија, ги водеше Загреб и Металург, ги освои скоро сите титули со националниот тим на својата земја... Червар во Македонија направи големи работи со Металург и македонската репрезентација, афирмираше многу ракометари, освојуваше титули, а и создаваше зрели личности од своите млади момци.

Чувствуваме дека ова е вистински момент проектот да му биде доверен на Лино Червар, а со тоа Еурофарм Пелистер да се издигне на уште повисоко ниво од годините на трите шампионски титули и учеството во Лигата на шампионите.

Поврзани вести