Радивојевиќ се поздрави со Е. Пелистер и Битола

Богдан Радивојевиќ, српското крило денеска објави емотивна порака со која се поздрави со Е. Пелистер, Битола и Чкембари. 
Српското крило три години го носеше дресот на Еурофарм Пелистер и освои два шампионски пехари со битолскиот клуб. Следната сезона ќе биде дел од некоја друга приказна. 

„По три години дојде време за разделба. Имаше и убави и тешки моменти, но јас ќе ги паметам само убавите. Заедно освоивме две титули и еден Суперкуп и ми е драго што бев дел од сето тоа. Ви благодарам на сите за поддршката и довербата во овие години. Ми беше чест да играм за Пелистер и пред навивачи како Чкембари. Пред нас има уште два натпревари и треба да ја завршиме сезоната како што доликува. Битола, Пелистер и Чкембари засекогаш ќе ги носам во срцето и ќе ги паметам по убавите работи. Со среќа понатаму!“, напиша српскиот ас.

Од Е. Пелистер засега потврдено заминуваат и Илија Абутовиќ и Домен Тајник, а извесно и Осама Хосни нема да биде дел од тимот следната сезона. Како ќе изгледа тимот, тоа допрва ќе решава новиот тренер, Лино Червар. 

Поврзани вести