Џомба ја завршува кариерата во Вардар

Гоце Георгиевски, еден од најпрепознатливите македонски ракометари потпиша нов едногодишен договор со екипата на Вардар 1961. Тоа е последниот договор на Георгиевски - Џомба во кариерата во која изникна во Металург, потоа беше дел на Тулуз и ЧСМ Букурешт пред да се врати во Македонија и да премине во редовите на Вардар. 
Последната сезона на Џомба ќе биде одбележана и со настапи во Лигата на шампионите, бидејќи Вардар 1961 е идниот првак на Македонија. 
Црвено-црните денеска ја официјализираа и соработката и ја најавија последната сезона на Џомба. 
 

Капитенот на нашиот клуб, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во Вардар!
Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз-Франција и Букурешт-Романија.
Во Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и од тој момент, претставува незаменлив дел од клупскиот мозаик.
РК Вардар е неизмено горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб!
Се надеваме со уште поуспешна сезона од актуелната!

Поврзани вести