Јагуриновски: Доволно сме искусни за да не погрешиме

Македонската репрезентација утре во Прешов со почеток од 19:00 часот ќе го игра првиот од двата натпревари со Словачка по кои вкупниот победник ќе обезбеди учество на Светското првенство во Германија 2027.

Македонскиот тим е веќе во Словачка, подготовките се завршени, останува да одброиме до моментот кога на теренот ќе се сретнат двете репрезентации.

„Свесни сме за предизвикот и подготвени пристигнуваме во Словачка. Противникот не е атрактивен, но тоа воопшто не значи дека е наивен, јасно ни е дека ќе мораме да играме максимално од почеток до крај ако сакаме да стигнеме до резултатот што го посакуваме. Сакаме две победи и пласман на СП, но тоа нема да биде нималку лесно, особено доколку ни се случи да ја потцениме Словачка. Првите натпревари знаат да бидат незгодни, но верувам дека сме доволно искусни да не дозволиме да бидеме непријатно изненадени. Го анализиравме противникот, знаеме што е потребно за да стигнеме до позитивен резултат и треба тоа да го спроведеме на терен“, истакна Јагуриновски.

Поврзани вести