Митев: Ф. Острови ни се поука, мора да внимавме

Photo: Felix Walker

Репрезентацијата на Македонија вечерва во Словачка ќе ги одмери силите со домашната репрезентација во првиот бараж меч за пласман на СП 2027.
Македонскиот тим е во Прешов, Кирил Лазаров од повиканите ракометари реши денеска на трибината да останат Васил Гогов, Мартин Ивановски, Филип Николов и Марко Стојковиќ. 
Овој квартет ќе биде во најтесен избор за реваншот што во недела ќе се игра во Скопје. 

„Мораме да бидеме внимателни по она што ни се случи пред две години во Фарските Острови. Играме два меча, вториот на домашен терен, што е добро, но не би сакале да ни се случи повторно да бркаме негатива пред нашите навивачи. Мораме да влеземе стопроцентно, Словачка не е ривал за потценување, го видовме тоа со нивните победи над Украина. Тие резултати навистина беа изненадување за многумина, ги гледавме натпреварите, можам да кажам дека играат специфична одбрана, но се е добро анализирано и подготвени сме. Во спортот не победува секогаш подобриот, не победува секогаш фаворитот, затоа мораме максимално сериозно да си ја сфатиме работата за да стигнеме до победата што сите ја посакуваме“, изјави Марко Митев.

Поврзани вести