Три екипи завршија работа, одат на СП

Репрезентациите на Норвешка, Фарски острови и Шпанија се првите три европски репрезентации што обезбедија пласман на Светското првенство во Германија 2027 преку бараж квалификациите.

Норвешка со две победи ја елиминираше репрезентацијата на Турција. По 13 гола на првиот мел, Норвешка со 37-30 славеше и на натпреварот на гостински терен и ќе игра на СП.
Репрезентацијата на Фарски острови исто така со две победи ја елиминираше селекцијата на Босна и Херцеговина. Во отсуство на Елијас Скипаготу, крилото на Флензбург, Хакун а Тајгум со по 11 гола на двата натпревари ја имаше главната улога кај Ф. Острови и тие победија 24-22 на гости и 33-28 на домашен терен за нова фешта на малиот остров.
Шпанија и Израел, двата меча ги играа во Буенос Аирес, Аргентина. Локацијата беше најатрактивниот дел од овој двомеч, а на теренот Шпанија победи на двата натпревари, со 32-27 и 36-29.

Денеска ќе се играат сите други натпревари, а ќе се сретнат следниве екипи:

15:00 Холандија – Грција (27-29)
15:00 Полска – Австрија (26-25)
17:00 Франција – Чешка (37:26)
17:00 Словенија – Ц. Гора (29-28)
17:30 Унгарија – Србија (29-31)
18:00 Италија – Швајцарија (29-32)
19:00 Македонија – Словачка (31-24)

 

Поврзани вести