ИХФ сега има две вајлд карти во раце за СП

Photo: IHF

Меѓународната ракометна федерација ќе има две вајлд карти за доделување на репрезентации што нема да се пласираат на Светското првенство во Германија 2027. Ова се должи на победата на САД во квалификациите што се одржаа во федерацијата на Северна Америка и Кариби. На турнирот што се одржа во САД, во финалето САД ја совладаа репрезентацијата на Гренланд и обезбедија директно учество на мундијалот.
Во случај да не успееја, имајќи предвид претходно донесени одлуки и значењето на следните Олимписки игри што ќе се одржат во Лос Анџелес, американската репрезентација речиси сигурно ќе добиеше покана за настап.
Европа е фаворит за добивање најмалку на една, а веројатно и на двете вајлд карти што сега ИХФ ќе ги додели според нивните критериуми. Не е исклучена и можноста и некоја земја од Блискиот исток или некоја азиска репрезентација да влезе во конкуренција, на пример Кина, доколку покажат посериозна заинтересираност и спремност да направат нешто плус за ракометот во нивните земји.

Поврзани вести