СЕНЗАЦИЈА: Грција оди на СП, елиминирани Холандија и Австрија

Репрезентацијата на Грција е творец на најголемата сензација во бараж квалификациите за СП 2027. Екипата на Грција ја елиминираше фаворизираната Холандија предводена од Лук Стеинс, Рение Табоада, Кај Смитс, Ларс Коој итн. По победата од два гола разлика на Халкида, Грците добија крилја и со пет гола разлика (38-33) ја победија Холандија и како гости и ќе одат во третиот шешир каде што стануваат потенцијален противник и на Македонија.

Репрезентацијата на Полска е уште еден тим што доаѓа во третиот шешир од квалификациите. Полска ја елиминираше репрезентацијата на Австрија. Полска имаше гол предност од првиот меч на кој беше гостин, но денеска губеше и со пет гола разлика (12-17) на домашен терен. Драматично беше до крајот, а на пет секунди до крајот на мечот Михал Дашек постигна гол за конечните 30-30 и пласман на Полска на Светското првенство.
Австрија, пак, станува сериозен кандидат за вајлд карта.

Поврзани вести