Македонија е на ново Светско првенство, мундијал од кој се обезбедува и олимписка виза или место во квалификациите што ќе водат кон Лос Анџелес 2028. Олимписките игри го прават СП посебно, сите екипи доаѓаат без калкулации со оформени тимови по четиригодишен циклус. И македонскиот тим ќе биде дел од таа приказна. Неколку години се кали овој тим, покажа зрелост на Европското првенство, а покажа зрелост и на двата натпревари со Словачка. Противникот изгледаше немоќен, но не не дека е слаба екипа, потсетување, тие ја елиминираа Украина во првиот бараж. Изгледаше немоќен затоа што Македонија одигра два добри натпревари и не им даде шанса да ја играат својата игра.
„Гледајќи вкупно на двомечот, единствено воведните петнаесетина минути од првиот натпревар што се играше во Прешов беа резултатски израмнети. Во другиот дел, бевме подобар противник и заслужено се пласиравме на Светското првенство.
Го респектиравме противникот и не го потценивме, ниту се преценивме во ниту еден момент и тоа најдобро се виде на реванш натпреварот. Одигравме добар меч, бевме фокусирани и имавме целосна контрола. Покажавме и победнички карактер и менталитет и дека можеме да се бориме за секоја топка без разлика на резултатот во текот на сите 60 минути“, изјави леворакиот бек Филип Николов.