Македонија му ја заврши селекторската приказна на Фернандо Гурих

Photo: Slovakhandball

Репрезентацијата на Македонија му ја заврши селекторската приказна на шпанскиот тренер Фернандо Гурих како прв човек на репрезентацијата на Словачка.
По двата порази од Македонија во баражот за СП од кои скопскиот од 15 гола разлика беше посебно болен за раководството на ракометната федерација на Словачка, беше донесена одлука да не се продолжи договорот со Фернандо Гурих.
Шпанецот беше селектор на Словачка од 2022, но и претходно пет години беше инволвиран во работата со нивните репрезентации. Дојде на местото на Петер Кукучка и сѐ до двобојот со Македонија неофицијално беше сериозен кандидат и за да остане на таа позиција. Но, бараж дуелите сменија сѐ и по 30 јуни, Словачка ќе назначи нов селектор.

Поврзани вести