Мулти Есенс денеска игра за Суперлига!

Денеска во Автокоманда со почеток од 18:00 часот во натпревар од последното коло во Првата лига, ќе се сретнат екипите на Мулти Есенс и Драчево Јуниор. Овој меч е најважниот во сезоната за екипата на Мулти Есенс која со победа или со нерешен резултат на овој натпревар ќе стане нов првак на Прва Лига и ќе обезбеди директен пласман во Суперлигата следната сезона.
Резултатот од овој меч со нетрпение ќе биде исчекан и во Богданци, од каде што доаѓа екипата на Младост 1977. Богданчани ја завршија сезоната, во моментов се на првото место на табелата во Прва лига, но само со еден бод предност пред Мулти Есенс, а имаат и натпревар повеќе и послаб меѓусебен скор со екипата од Автокоманда.
Евентуална победа на Драчево Јуниор би го однел тимот на Младост директно во Супелигата, а реми или победа на Мулти Есенс значи дека тие ќе играат бараж со претпоследниот тим од Суперлигата во тековната сезона за пласман во најсилната конкуренција следната сезона.

Поврзани вести