Трансфери: Раул го бара Марсениќ, Србин го менува Кико Кошта...

Грчкиот тим АЕК го ангажираше бразилското десно крило Гиљерме Лињареш. Тој е поранешен ракометар на Таубате, Борац, Татран Прешов и Балинген.

Норвешкиот репрезентативец Кристијан О’Саливен нема да добие нов играчки договор со екипата на Магдебург во која игра од 2016 година. Место тоа, О’Саливен ќе добие договор за место во тренерскиот тим на акеуелниот европски првак.

Легендарниот шпански тренер Маноло Кадењас поради здравствени причини се пензионираше пред три години, но понудите не престануваат да доаѓаат на неговата адреса. Конечно, се реши одново да води екипа, а тоа ќе биде тимот Ал Биар од Алжир.

Српскиот десен бек Урош Којадиновиќ ќе биде замената за Кико Кошта во Спортинг Лисабон во 2027. Најголемата ѕвезда португалскиот ракомет сѐ уште бира понуди, но следната сезона, кога маркетот на десни бекови сериозно ќе биде затресен со заминувањето на Дика Мем од Барса во Берлин, ќе биде засегнат и тој. Заминувањето на Дика Мем ќе има силен домино ефект, па екипите уште од сега „таксаат“ левораки бекови.

Поранешниот пикер на Бутел Скопје, Владимир Јефтиќ, заминува од екипата на Партизан на крајот на сезоната и во следната ќе игра во екипата на Металопластика од Шабац.

Шпанскиот тренер Раул Гонзалез нема да се задоволи само со ангажманот на познатиот австриски пикер Тобијас Вагнер, туку го планира и поранешниот ракометар на Металург и на Вардар, Мијајло Марсениќ.


 

Поврзани вести